Привршуваат активностите за целосна конзервација и реставрација на црквата „Св. Власие“ на археолошкиот локалитет Исар во Штип, која се финансира во рамките на проектот „Културен мост низ вековите”. Црквата „Св. Власие“е откриена со археолошки истражувања од страна на стручен тим од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип во 2010 година.
Конзервацијата и реставрацијата на црквата „Св. Власие“ ги изведува економскиот оператор БВ Инженеринг ДОО Битола.
Проектот е финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Бугарија – Република Северна Македонија.