На 17 јануари 2020 година во хотел Изгрев во Штип се одржа промотивна прес конференција за проектот „Културен мост низ вековите“.
Проектот „Културен мост низ вековите“ се финансира од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија – Република Северна Македонија. Водечки партнер во реализацијата на проектот е Народно Читалиште „Георги Тодоров 1885“ од општина Белица, додека пак Центарот за развој на Источен плански регион се јавува како проектен партнер.
На прес конференцијата присуствуваа Претседателот на Советот на Источен плански регион, воедно и градоначалник на општина Штип, г-н Благој Бочварски како и градоначалникот на општина Белица г-н Радослав Ревански. Поздравни обраќања имаа и раководителот на Центарот на развој на Источен плански регион г-ѓа Драгица Здравева, државниот секретар при Министерството за локална самоуправа, г-н Кирил Парталов, тим лидерот на проектот г-ѓа Маја Падарева, како и од директорот на НУ Завод и музеј г-н Митко Штерјов.
Проектот е фокусиран на развој и охрабрување на прекуграничната соработка во областа на културниот туризам меѓу јавните институции и други засегнати страни во секторот за туризам и култура преку организации на вообичаени настани, пренесување на знаења и искуства. Во рамките на проектот „Културен мост низ вековите“ ќе се реализираат голем број на активности во прекуграничниот регион, како што се обуки за туристички водичи, различни работилници со теми поврзани со Управување со културното наследство, форуми за дискусии на слични теми како и градежни активности на црквата „Св.Власие“ во археолошкиот локалитет ИСАР во Штип, и на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица Предвидените проектни активности треба да се реализираат во период од 24 месеци, односно заклучно со 03.09.2021 година.
Вкупната вредност на проектот е околу 406 000 евра, од кои на располагање на Центарот за развој на Источен плански регион за реализирање на предвидените активности се околу 185 000 евра.