Александра Белички Ѓорѓиева

Александра Белички Ѓорѓиева – Lucky handmade shop

Lucky handmade shop е бренд формиран во април 2020 година од Александра Белички Ѓорѓиева од Штип. Нејзиното хоби на рачни изработки го претстави онлајн. Рачните изработки се изработени од волница, мерцилизиран конец, полиестер конец, трикотажен конец, јута и разни додатоци. Таа произведува плетени машки, женски и детски капи, шал, чорапчиња, џемперчиња, грејачи за уши, турбани итн. Женските модни додатоци како ташни и венчиња и се уникатно производство. Во асортиманот на рачни изработки и се вбројуваат и подметувачи за чаши, грејачи за чаши, декоративни теглички, декоративни саксии, мартинки, тематски аксесоари.

Нејзините рачни изработки можете да ги подгледнете на фесјбук страната @luckyhandmadeshop и на инстаграм @lucky_shop_2020.

Контакт
070/283-518
facebook – @luckyhandmadeshop
instagram – @lucky_shop_2020