По повод денот на сесловенските просветители и учители или Денот на солунските браќа Св. Кирил и Методиј 24 мај, во просториите на НУ Завод и Музеј – Штип е отворена изложбата „Старите книги од музејското депо“.
Се работи за црковни книги на старословенски јазик, кои се користеле во црквите во Брегалничкиот регион и се собирале последните 50 години во НУ Завод и Музеј – Штип.
Најстарите се датирани од XVIII век, Архиерејски чиновник од 1721 год. и Шестодневник од 1744 год., а најголем дел се од XIX век. Застапени се евангелија, апостоли, минеи, архиерејски чиновник, псалтири, осмогласник, шестодневник, ирмологиј, посед триод, цветен триод, требник, молитвеник и зборник на големи празници.