Започна реализацијата на проектот „Електрификација, оградување и поставување на туристичка сигнализација на археолошки локалитет Баргала“. Проектот е изготвен од НУ Завод и Музеј Штип, и ќе се реализира во соработка со Општина Карбинци и со Центар за развој на источно плански регион.
Проектот е финансиран од Министерството за Локална Самоуправа, Биро за регионален развој и Општина Карбинци.
Со реализација на овој проект, доцно-античкиот град Баргала ќе добие нова содржина во презентацијата на културното наследство и развој на туризмот .