Во периодот од 24-26 август 2021 година во општина Штип се одржа саем на туризам во рамки на проектот „Културен мост низ вековите“.
Учесниците на саемот беа претставници од Белица и производители од општините од Источен плански регион, како и
поединци и претставници на другите институции кои работат во областа на туризмот.
На саемот беа поставени штандови на кои беа изложени производи (сувенири, рачни изработки, домашно подготвени прехранбени производи) од локални производители како и на претставниците од Бугарија.
Учесниците на саемот за туризам беа во можност да ги претстават своите изработки воедно и да научат нови работи, да разменат искуства со останатите учесници.