На 17-19 мај 2021 година во хотел Изгрев во Штип, се реализираше вториот дел од обуката за jакнење на капацитетите од областа на управувањето со културни настани и културно наследство на тема „Управување со културни настани“.
Со реализација на оваа активност се даде фокус на значењето на културните настани за развој на културниот туризам. Воедно ќе се обучат засегнатите лица од двете страни на границата соодветно да креираат, планираат, реализираат и управуваат со културните настани во полза на развој на туризмот.
Втората дводневна обука беше одржана на комбиниран начин, претставниците на општина Белица со физичко присуство беа сместени во големата сала на читалиштето „Георги Тодоров 1885“, а македонските учесници беа сместени во хотел Изгрев во Штип, меѓусебно поврзани со виртуелни средства за комуникација кои овозможуваат интерактивност.
На настанот присуствуваа вкупно 30 учесници од двете страни на границата.
Тридневните обуки беа организирани согласно сите здравствени мерки и протоколи за заштита на здравјето на граѓаните од Ковид – 19.