Одржана втора работна средба на проектниот тим на проектот „Културен мост низ вековите“

На 27 и 28 мај 2021 година во Штип се одржа втората дводневна работна средба на проектните тимови кои го реализираат проектот „Културен мост низ вековите“, финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Бугарија – Република Северна
Македонија.

На првиот работен ден се разгледуваше статусот на реализација на предвидените активности и временската рамка за нивно одржување, како и се посвети внимание на административните процедури кои треба да се преземат во претстојниот период.

Вториот ден од работната средба беше посветен на утврдување на агендата и начинот на организација на преостанатите активности, како за временските рокови и потребната документација за исполнување на обврските за известување за реализираните активности, степенот на реализација на финансиските средства и временската рамка за реализација на преостанатите активности.