Успешно завршен проектот за чистење на спомениците на Исарот. За чистење на овие спомен обележја беа издвоени околу 350 илјади денари, пари обезбедени од Министерството за култура, а чистењето на терен го спроведоа вработени во штипскиот музеј и преставници од музејот Македонија. Нешто повеќе од еден месец се работеше на терен за чистење на овие споменици, за кои наредната година ќе се прослави јубилеј половина век од нивното поставување. За спомниците на Исарот е предвидено да се води повеќе грижа во иднина и да биде заштите како споменик на културата.