Aрхеолошките истражувања на локалитетот Пилав Тепе

Во завршна фаза се археолошките истражувања на локалитетот Пилав Тепе, позициониран во клисурата на Маденска река, на 20км лево од експресниот пат Штип – Радовиш. Проектот е финансиран од Министерството за култура на РСМ.

Со годинешниве истражувања се откри дел од доцноантичка некропола, која што според наодите датира од времето на Јустин II – доцноантички период. Гробовите се карактеризираат по тоа што се покриени со големи – монолитни блокови.