Од 29.06-01.07.2021 година во општина Белица се одржа првата тридневна обука во рамки на активноста за јакнење на капацитетите за управување со туристички дестинации.
Првиот дел од обуката беше посветен на дефинирање и запознавање со концептот за управување со туристичка дестинација, видовите на туристи и нивни потреби, поврзување на туристот со туристичката дестинација, подобрување на атрактивноста на туристичката дестинација, анализа на туристичките дестинации во прекуграничниот регион, поврзаноста на правилниот развој на туристичката дестинација со намалување на влијанието врз животната средина, со многубројни дискусии во групи на сродни теми.
Учесници на обуката беа претставници од општините од прекуграничниот регион, невладини организации и претставници на бизнис секторот кои делуваат во областа на туризмот, со вкупно 30 претставници кои ги подобрија своите знаења и вештини во текот на првиот дел од оваа обука.