Одржан саем на туризам во општина Белица

Во периодот од 27 – 29.07.2021 година во општина Белица во рамките на проектот „Културен мост низ вековите“ се организираше саем на туризам.

Учесниците на саемот беа претставници од Белица и вкупно 20 претставници на општините од Источен плански регион, како и поединци и претставници на другите институции кои работат во областа на туризмот.

На саемот за туризам беше претставено културното и природното наследство на Источниот плански регион и на Белица преку реализираните видеа од проектот. Во текот на три дена во центарот на Белица беа поставени штандови на кои беа изложени производи (сувенири, рачни изработки, домашно подготвени прехранбени производи) од производители од целиот прекуграничен регион.

Учесниците на саемот за туризам беа во можност да ги претстават своите изработки воедно и да научат нови работи, да разменат искуства со учесниците од двете страни. Сите учесници активно се вклучија во дискусијата која се организираше во рамките на програмата на саемот за туризам наведувајќи и давајќи примери за успешно развивање на
културен туризам.