Одржан втор дел од обуката на тема „Управување со туристички дестинации“

Од 06-08.07.2021 година во општина Штип се одржа втората тридневна обука во рамки на активноста за јакнење на капацитетит за управување со туристички дестинации, во чиј фокус беа ставени компонентите при управувањето со
туристичките дестинации.

Во текот на втората тридневна обука беа разработени темите: функции за управување со дестинации, процес на планирање и организирање за управување со дестинации, процес на контрола на управување со дестинација, идентитет, имиџ и брендирање на туристичка дестинација.

Учесници на обуката беа претставници од општините од прекуграничниот регион, невладини организации и претставници на бизнис секторот кои делуваат во областа на туризмот, со вкупно 30 претставници кои ги подобрија своите знаења и вештини во текот на вториот дел од оваа обука.