Одржана трета работна средба на проектниот тим на проектот „Културен мост низ вековите“

На 18 и 19 август 2021 година во Кочани се одржа третата дводневна работна средба на проектните тимови кои го
реализираат проектот „Културен мост низ вековите“, финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Бугарија – Република Северна Македонија.

На првиот работен ден се посвети внимание на административните процедури кои треба да се преземат во претстојниот период, како и се дискутираше за временската рамка за реализација на преостаната активност поврзана со патувачката презентација на Белица во три општини од Источниот плански регион и саемот за туризам кој што треба да се организира во Штип.

Вториот ден од работната средба беше посветен на утврдување на агендата и утврдување на датумите за организација на завршните прес конференции во Штип и Белица, како и за програмата во која ќе бидат презентирани резултатите и видеата.