Одржана завршна прес конференција во Белица за проектот „Културен мост низ вековите“

На ден 30.08.2021 година во Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ во општина Белица се одржа втората завршна прес конференција по проектот „Културен мост низ вековите“.

На завршната прес конференција присуствуваа претставници на проектните тимови, градоначалникот на општина Белица, градоначалниците на општините Штип и Кочани, претставници од јавните претпријатија од регионот, како и претставници на медиумите и жители на Белица.

На завршната прес конференција беа претставени реализираните активности од проектот, како и резултатите од спроведените обуки и работилници.

Градоначалникот на општина Белица г-н Радослав Ревански, градоначалникот на општина Штип д-р Сашко Николов и градоначалникот на општина Кочани г-н Николчо Илијев со сечење на црвената лента го официјализираа реконструираното Народно читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица.

Проектот „Културен мост низ вековите“ е финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Бугарија – Република Северна Македонија, се реализираше во период од 24 месеци со вкупен буџет од околу 400.000 евра.