Отворање на изложбата „Траги“ од уметникот Ѓорѓи Чулаковски/

Отворање на изложбата „Траги“ од уметникот Ѓорѓи Чулаковски Ѓото се одржа денес во уметничката галерија Безистен Штип, овозможено од страна на соработката помеѓу Ликовната академија УГД Штип, НУ Завод и Музеј – Штип и сопругата на уметникот, Верица Чулаковска. Изложбата е отворена по повод роденденот на уметникот и 3 години сеќавање од неговата смрт. Голем дел од неговите дела беа донирани на Ликовната академија УГД Штип.