Патувачка презентација на општина Белица во Кочани, Виница и Делчево

Во периодот од 15 – 23.08.2021 година во три општини од Источниот плански регион се реализираше патувачката презентација на општина Белица во рамките на проектот „Културен мост низ вековите“.

Преку презентацијата на туристичкиот потенцијал на општина Белица и за нејзиниот историски развој, се доби шанса да се дознае повеќе за начинот на кој оваа рурална бугарска општина, која е мала по територија, забележува брз напредок и динамичен развој со помош на иновативни проекти кои ги препознава и реализира.

Патувачката презентација се одржа во три општини во Источниот плански регион, во општина Кочани од 15-17.08.2021 година, во општина Виница од 18-20.08.2021 година и во општина Делчево од 21-23.08.2021 година, при што жителите можеа подетално да се запознаат со културното и природно наследство на Белица преку слики, видео записи, рекламни материјали и примери за локални занаетчиски продукти и сувенири.