Работилницата на проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра“ за инвентаризација, сигналитика и медијација, помеѓу државите Северна Македонија, Албанија и Франција, од страна на здружението Sites & Cités remarquables de France

Работилницата на проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра“ за инвентаризација, сигналитика и медијација, помеѓу државите Северна Македонија, Албанија и Франција, од страна на здружението Sites & Cités remarquables de France, ја реализиравме во соработка со Локалната Самоуправа на Општина Штип на 5ти октомври во Уметничката Галерија Безистен во Штип.
Работилницата започна со презентација, согледување и дискусија од досега сработените активности на учесниците во проектот од повеќе градови во РСМ, Албанија и Франција.
Штип, како значаен дел од културното наследство и дел од проектот, ја промовираше населбата Ново Село, која што претставува најстаро урбано јадро во градот.
По едногодишни конференции и online работилници, дискусијата продолжи на терен, по ул. „Крсте Мисирков“ низ Штипско Ново Село, проследена со експерти за урбанизам, регионални и меѓународни проекти, архитекти, претставници од Општините на РСМ, Албанија и Франција, Министерството за култура на Албанија Ministria Infrastruktures Ministria e Kulturës, Општина Штип и НУ Завод и Музеј – Штип.
Реализацијата на останатите активности од проектот ќе продолжува и во 2022 година.