Започнаа градежните работи за конзервација и реставрација на црква „Св. Власие“

Центарот за развој на Источен плански регион ги започна градежните активностите за конзервација на црквата „Св. Власие“ на археолошкиот локалитет Исар во Штип во рамките на проектот: „Културен мост низ вековите“.
Проектот „Културен мост низ вековите“ се кофинансира од ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка Република Бугарија – Република Северна Македонија. 2014-2020, со дополнително национално кофинансирање обезбедено од Министерството за локална самоуправа.

Конзервацијата и реставрацијата на црквата „Св. Власие“ ги изведува економскиот оператор БВ Инженеринг ДОО Битола, а вредноста на градежните работи е во износ од околу 89.300 евра.

Реставрацијата и конзервацијата на црквата „Св. Власие“ ќе се работи од камен и опус од кои во првата фаза ќе се реставрираат ѕидовите на црквата максимум од 1,5 м од нивото на теренот, во втората фаза ќе се изгради пристапна патека кон црквата во должина од 146 метри, додека во третата фаза ќе се осветлат црквата и патеката со канделабри и ќе бидат поставени и соодветни патокази.

Изведувачот БВ Инженеринг ДОО Битола реставрацијата и конзервацијата на црквата „Св. Власие“ се очекува да ja заврши за 14 месеци.