Kонзерваторско реставраторските работи на археолошкиот локалитет Билазора во село Кнежје, Свети Николе

Се работи за антички град од 7 до 2 век пред нашата ера, познат како пајонска престолнина на пајонците. Локалитетот Билазора во село Кнежје се наоѓа на 4 км. западно од Свети Николе, позициониран во источната периферија на село Кнежје. Од 5 и 4 век п.н.е. се откриени неколку карактеристични објекти: Фортификациски систем околу Акрополата; Северната влезна партија во Акрополата; Североисточен комплекс на градби; Раноантички храм во дорски стил во северната половина на Акрополата; Владетелска палата во северната половина на Акрополата.
Проектот е поддржан од Министерството за Култура на РСМ