Одржан дискусионен форум на тема „Искористување на религијата и археолошкото културно наследство за развој на културен туризам“

Во информативниот центар во Белица во периодот 16-18 јуни 2021 година се одржа дискусионен форум на тема „Искористување на религијата и археолошкото културно наследство за развој на културен туризам“, како дел од предвидените активности со проектот „Културен мост низ вековите".

На тридневниот настан присуствуваа учесници од Источен плански регион и Белица и беше организиран во согласност со сите здравствени мерки и протоколи за заштита на здравјето на граѓаните од Ковид – 19.

Темите кои беа опфатени на форумот овозможија споделување на практики и искуства во светски рамки, предизвици при развојот на културниот туризам и фактори кои влијаат врз неговата успешност, интерпретација на природното и културното наследство, е-маркетингот и новите дигитални технологии во полза на развој на туризмот и
културата, како и можности за идна соработка помеѓу двете страни за подобрување на туристичкиот потенцијал.

Покрај панел дискусиите, учесниците на тридневниот дискусионен форум имаа можност да се запознаат со културното нематеријално наследство на Белица, да ги посетат главните туристички атракции и потенцијали, а официјалниот крај на форумот се означи со театарска претстава во реконструираното Народното читалиште „Георги Тодоров 1885" во Белица, на која играше познатиот бугарски актер Христо Гарбов.

Третиот ден се заврши со посета на Rila Fun Park и паркот натанцувачките мечки.