Одржана прва работна средба на проектниот тим на проектот „Културен мост низ вековите“

На 17 и 18 февруари 2020 година во Белица се реализираше првиот дводневен работен состанок во рамките на проектот „Културен мост низ вековите“ помеѓу тимовите на водечкиот партнер Народно читалиште „Георги Тодоров 1885“ и проектниот партнер Центар за развој на Источен плански регион.

На првиот работен ден тимовите од двата прекугранични региони гидискутираа меките мерки во проектот поврзани со реализацијата наедукативните програми „Обука за туристички водичи“, „Управувањесо културни настани“ и „Управување со културно наследство“ заразвој на културниот туризам во прекуграничните региони.

На вториот ден од работната средба тимот работеше навременската рамк за планираните активности и заедничката
презентација на традиционалното и културното наследство какосредство за одржлив развој на туризмот во прекуграничниот регион преку промовирање на вредностите на културната традиција и материјалното и нематеријалното културно наследство.

Проектот „Културен мост меѓу вековите“ се фокусира на развој и унапредување на прекуграничната соработка во областа на културниот туризам помеѓу јавните институции и другите заинтересирани страни од областа на културата и туризмот преку организирање на заеднички настани, трансфер на знаења и искуства.

Проектот е ориентиран кон специфични потреби како што се социјализација на туристичките места и нивна трансформација соодветна за посета; промоција на туристички атракции од различни видови; подобрување на квалитетот на туристичките информации и услуги; поголема соработка на сите нивоа од областа на културата и туризмот – локалните власти, бизнис заедница и граѓански организации.