Одржана завршна прес конференција во Штип за проектот „Културен мост низ вековите“

Центарот за развој на Источен плански регион на ден 27.08.2021 година во близина на реставрираната црква „Св. Власие“ во општина Штип ја одржа завршната прес конференција по проектот „Културен мост низ вековите“.

На завршната прес конференција присуствуваа претставници од двата проектни тимови, претставници од општина Штип и јавните претпријатија, медиуми, претставници на проектниот партнер и жители на Белица, претставници од други културни и образовни институции од државата.

На завршната прес конференција беа претставени реализираните активности од проектот, како и резултатите од спроведените обуки и работилници, инфраструктурните активности во двата прекугранични региони – реконструкцијата на Народно Читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица и конзервираната и реставрираната црква „Св. Власие“ во Штип. На завршниот настан беа презентирани и двата видео записи реализирани во рамките на проектот.

Проектот „Културен мост низ вековите“ е финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Бугарија – Република Северна Македонија, се реализираше во период од 24 месеци со вкупен буџет од околу 400.000 евра.