Работна посета на средновековната црква „Св. Власие“

НУ Завод и Музеј Штип направија работна посета на средновековната тврдина Исар Штип, каде што се наоѓа средновековната црква „Св. Власие“.
Средновековната црква „Св. Власие“ датира од 14 век. Црквата е откриена во 2010 година со археолошките истражувања вршени на локацијата Стара Кланица на северозападното подножје на Исарот.
На црквата се извршени конзерваторски работи во 2020 година, со што овој археолошки локалитет се доби поголемо значење во туристичката понуда на Штип.