За Проектот
Приоритетна оска: Туризам
Специфична цел
Зголемување на туристичкиот потенцијал на регионот преку заедничка соработка за подобро зачувување и одржливо користење на природното и културното наследство
Главните проектни активности вклучуваат:
1. Две промотивни прес конференции во Штип и Белица.
2. Обуки за туристички водичи. Подобрување на квалитетот на туристичките услуги.
3.Јакнење на капацитетите-обуки за управување со културни настани и културно наследство.
4. Форум-искористување на религиско и културно-археолошко наследство за развој на културниот туризам.
5. Заштитно-конзерваторски работи ИСАР-Штип, подобрување на квалитетот на туристичката инфраструктура.
6. Рехабилитација на народното читалиште во Белица, ентериерно уредување-под, водовод и канализација, греење, електрична инсталација итн. и набавка на опрема.
7. Изработка на веб платформа за културно-археолошки туризам, искористување на културното наследство, особено археолошкото и религиското наследство за развој на туризмот и поттикнување за употреба на виртуелна промоција за културното наследство.
8.3D мапирање и промотивно видео, дигитална технологија.
9.Работилници-управување со туристички дестинации. Темите се однесуваат на планирање на употребата на земјиштето, дозволи за работа и зонско контролирање, правилници за заштита на животна средина и останата регулатива, деловни иницијативи и останати техники за управување со развојот и работењето на туристичките дејности.
10.Саем на туризам во Белица-претставување на културата, историјата и традицијата на Источниот регион. Претставување на природно и културно наследство и услуги, изложба на локални производи, локални ракотворби и сувенири.
11. Патувачка презентација на Белица и Саем за туризам во Штип-култура, традиција и историја, промоција на културното и природно наследство преку слики, видеа, промотивни материјали и експонати на локални ракотворби и сувенири.
12. Набавка на иновативна опрема за промоција на културното наследство на Белица, интерактивна табла со информации за културно-историско наследство.
13.Промоција на реконструираниот објект, претставување на 3D видео мапирање и завршен настан на отворено во Штип, во близина на реконструираната црква Св. Власие на археолошкиот локалитет Исар.
14.Промоција на постигнатите резултати, реконструираниот објект и видеото на завршниот настан во Белица.
Времетраење
24
Вкупен буџет (евра)
406222.44
Резултати од проектот
Од реализацијата на проектот се очекуваат следните резултати:
- зголемен квалитет на туристичките услуги преку обучување на туристички водичи;
- поголемо знаење за управувањето со културното наследство во насока на креирање на туристичка понуда;
- развиена веб платформа за културно-археолошки туризам;
- реконструирани археолошки локалитети за збогатување на туристичката понуда;
- модернизирано и опремено народно читалиште;
- популаризирање на културно-традиционалното наследство на двата региона со населението и засегнатите страни.
Целни групи
Проектот ќе има позитивно влијание врз следните целни групи:
– засегнати страни од културниот и туристичкиот сектор
– креирање и промоција на културна туристичка понуда; – посетители на културни настани и туристи
– збогатување на туристичка понуда преку презентација на културните традиции на двата партнера;
– јавна администрација
– јакнење на капацитетите за развој на туризмот;
– локално население – зголемување на приходите и отварање на можности за вработување во културно-туристичкиот сектор;
– јавни и културни центри
– позитивно влијание врз профитабилноста на културната инфраструктура.